Хорнер: Бараме замена за Перез, сите сакаат да дојдат во Ред Бул

Хорнер-Бараме-замена-за-Перез-сите-сакаат-да-дојдат-во.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Кристијан Хорнер, шефот на Ред Бул, истакна дека австрискиот тим активно бара замена за Серхио Чеко Перез, чиј договор истекува во 2024 година.


Мексиканецот три години е колега со Макс Ферстапен, моментално е втор во генералниот пласман, но неколку лоши финиши веднаш предизвикаа разговори за неговата иднина во Ред Бул.

Перез беше најавен и за следната сезона, но очигледно е дека неговата позиција во тимот не е сигурна.

„Разгледуваме многу опции. Први на листата се возачите на Алфа Таури, Цунода, Рикардо и Лосон, но ги следиме и другите возачи“, изјави Хорнер.

Како опција во последно време се почесто се споменува Ландо Норис.

„Одличен возач, одлична личност, но тоа не реално“.

Голем проблем е што секој што ќе дојде ќе биде во сенка на Ферстапен.

„Тоа е голем предизвик, на кој некои можат, а некои не можат да одговорат. Сакаме да имаме двајца од најдобрите возачи, се разбира од оние кои се слободни во тој момент“.

Следната трка ќе се вози во Катар на 8 октомври.

Foto/ planetf1.com

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK