Холандија ослабена вечерва – Тимбер нема да игра, Де Јонг е неизвесен


depositphotos_837890536_xl.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Холандската фудбалска репрезентација има неколку мали проблеми пред натпреварот со Шведска.


Можеби ќе настапат без Френки де Јонг, а секако нема да игра Квентен Тимбер.

Де Јонг се судри со Тимбер, кој доживеа потрес на мозокот, додека вториот беше полесно повреден. Сепак, Тимбер сигурно нема да биде во составот вечерва за натпреварот со Шведска.

„Тимбер, кој влезе како резерва во ремито 2:2 со Јапонија, има мал потрес на мозокот и сигурно нема да игра против Шведска“, рече селекторот на Холандија, Роналд Куман.

Што се однесува до Де Јонг, сè уште е неизвесно.

„Френки има мали здравствени проблеми по тој дуел. Ќе видиме како ќе оди“, рече Куман.

Холандија и Шведска ќе го играат второто коло од Светското првенство во 19:00 часот.

Foto/ Depositphotos

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK