Хенес откри колку Баерн плати за Хари Кејн

Хенес-откри-колку-Баерн-плати-за-Хари-Кејн.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Почесниот претседател на Баерн Минхен, Ули Хонес, откри колку Баварците го платија трансферот на Хари Кејн.
Трансферот на Англичанецот беше најголем во летниот преоден рок. По долги и исцрпувачки преговори, Баерн успеа да постигне договор со Тотенхем.


Медиумите шпекулираа со сумата која ја заработи Тотенхем. Колку точно изнесувал трансферот откри Хенес.

„За Кејн потрошивме 95.000.000 евра“, изјави Хенес.

Кејн, во Баерн продолжи онаму каде што застана во Тотенхем, во првите седум кола има постигнато осум гола.

Баерн по седум кола во Бундеслигата е на третото место со 17 бодови. На табелата пред Баварците се Штутгарт и лидерот Баер Леверкузен.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK