Хавиер Агире ќе подготвува Рафа Маркез за негов наследник

17092257576027.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Хавиер Агире трет пат е назначен за селектор на фудбалската репрезентација на Мексико. Прв помошник ќе му биде биде Рафаел Маркез, соопштија од Мексиканската фудбалска федерација.


„Агире е без сомнение мексикански тренер со најдолга и најпозната кариера во странство, а исто така има широко познавање за тоа како функционираат националните тимови“, изјави денеска директорот на репрезентацијата на Мексико, Дуилио Давино.

Според него, идејата е Рафаел Маркез да му биде помошник на Агире во следните две години, со цел искусниот селектор да го подготви да ја преземе репрезентацијата во трката за СП 2030 година.

„Рафа е еден од најважните мексикански фудбалери на сите времиња, со брилијантна национална и меѓународна кариера, а тренерската кариера ја започна во голем клуб. Му понудивме да биде асистент до 2026 година, за да може да го подобри своето знаење и на крајот да ја преземе репрезентацијата“, додаде Давино.

Агире (65) беше селектор на Мексико од 2001 до 2002 година и повторно од 2009 до 2010 година, на две светски првенства ја предводеше репрезентацијата до осминафиналето.

Во текот на својата кариера, тој ги водеше Атлетико Мадрид, Осасуна, Сарагоса, Еспањол, Мајорка и многу други клубови, како и репрезентациите на Јапонија и Египет.

Од друга страна, Рафаел Маркез (45), долгогодишниот фудбалер на Барселона кој забележа 147 настапи за мексиканската репрезентација, по завршувањето на кариерата започна да работи како тренер, во претходните две сезони го водеше Б тимот на Барселона.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK