Хаверц и неговата сопруга добија морбидни закани по елиминацијата на Арсенал

d58bd500-73ae-4846-980a-5da1559705da.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Арсенал вчера испадна од ФА купот. Во драматичен меч, по изведувањето пенали, Манчестер јунајтед победи во Лондон со 5:3. Резултатот по 90 и 120 минути игра беше 1:1.


Апсолутен херој на победата на Манчестер јунајтед е голманот Алтај Бајиндир, во регуларниот тек му одбрани пенал на Мартин Одегард, а во пенал рулетот го запре ударот на Каи Хаверц.

По натпреварот Хаверц доби морбидни закани на социјалните мрежи. Неколку од нив објави неговата бремена сопруга Софија.

„Се надевам дека имаш спонтан абортус“ и „Ќе ти дојдам дома и ќе ти го заколам детето, не се шегувам, само чекај“.

Сопругата на Хаверц коментирајќи ги заканите напиша.

„За мене е шокантно што има луѓе кои сметаат дека е прифатливо да пишуваат вакви работи. Се надевам дека се срамите. Не знам што да кажам, но ве молам имајте повеќе почит“.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK