Халанд прогласен за млад играч на годината во Премиер лигата за 2022/23

haland
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

– Фудбалерот на Манчестер Сити, Ерлин Халанд е прогласен за најдобар млад играч во Премиер лигата за сезоната 2022/23. Наградата се доделува на играчи помлади од 23 години.

 


Дваесет и двегодишниот Норвежанец стана првиот играч во историјата на Премиер лигата кој ги освоил наградите за млад играч на годината и играч на сезоната во Премиер лигата во иста сезона.

 

Во конкуренција за наградата беа и : Свен Ботман (Њукасл), Мојсес Кајседо (Брајтон), Александер Исак (Њукасл), Алексис Мекалистер (Брајтон), Габриел Мартинели (Арсенал), Мартин Одегард (Арсенал) и Букајо Сака (Арсенал).

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK