Гвардиола: Зошто би бил фрустриран?


depositphotos_237815778_l.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, е задоволен откако неговиот тим се врати на врвот на табелата во Премиер лигата.


Сити победи во Барнли со 1:0 и сега има исти број на бодови и иста гол-разлика како Арсенал, но повеќе постигнати голови.

„Имавме шанси. Не поради тоа што ќе се случи во иднина, туку затоа што победивме. Беше јасно дека Дубравка (голманот на Барнли) беше добар. Да постигневме гол за 2:0, ќе бевме порелаксирани во последната третина од натпреварот. Во однос на она што го барав од тимот, планот на играта и фокусот на она што треба да го направиме, тие беа извонредни“, рече Гвардиола и додаде:

„Одигравме навистина добар натпревар. За жал, пропуштивме многу шанси. Се браневме подобро во второто полувреме и имавме помалку проблеми.“

„Граѓаните“ не беа убедливи.

„Не бев фрустриран, зошто би бил? Освоивме три бода, први сме на табелата. Секако дека можеме подобро, но момците направија сè“, рече Пеп.

Foto/ Depositphotos

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK