Менаџерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола им одржа лекција на младите навивачи кои дојдоа до него со куп дресови, фотографии и тетратки и му побараа автограм.
Гвардиола вообичаено нема проблем да потпишува сувенири, сепак, овој растечки тренд кај младите очигледно почна да го нервира.
Харизматичниот тренер бил снимен како им вели повеќе да не го прават тоа, дека повеќе нема да им дава автограми, по што на сите им рекол дека треба да се вратат на училиште.
„Немојте да се враќате повеќе, нема да потпишувам. Ги запомнив вашите лица. Вратете се на училиште и подготвувајте се. Млади сте, не трошете време. Дали вака сакате да го поминете животот? Навистина. Дали е ова она што сакате да го правите во текот на животот. Кои се вашите сништа, по ѓаволите“, рекол Гвардиола.
Специјализираниот фудбалски портал „Гол“ го истакнува растечкиот тренд на собирање потписи на познати личности исклучиво за профит.
„Навивачите често чекаат пред тренинг центрите и бркаат автграми само за да ги стават на продажба еден час подоцна“.
Pep Guardiola giving autograph hunters a lecture! 🫡
“You want to spend your life doing this?”
— City Chief (@City_Chief) January 12, 2025