Гвардиола: Алварез нека размисли што сака

29202112.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Пеп Гвардиола не крие дека не му се допаѓа изјавата на Хулијан Алварез, кој жалејќи се на малата минутажа навести дека ќе побара трансфер.



„Играв многу, јас сум еден од играчите со најмногу минути, но никој не сака кога не игра на најважните натпревари. Секогаш сакате да дадете повеќе. Ќе размислам што и како понатаму. Ќе видиме“, изјави Алварез.

Неговите зборови не му се допаднаа на неговиот менаџер Пеп Гвардиола.

„Прочитав што рече. Еве, нека размисли и нека ни каже што сака“, изјави Гвардиола, а потоа продолжи:

„Хулијан играше многу. Дали тој сака повеќе? Тоа е сосема во ред. Затоа, нека размисли што ќе прави понатаму, а кога ќе одлучи да ни каже“.

Каталонскиот тренер потоа рече:

„Тој сака да има поважна улога и да игра поголема минутажа на важните натпревари. Имаме 18 или 19 играчи кои го сакаат истото. Менаџерот на Алварез ќе разговара со спортскиот директор по Олимпијадата, потоа ќе донесема одлука“, изјави Гвардиола.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK