– Новодојденецот во Манчестер сити, Јошко Гвардиол ги сподели емоциите од трансферот во англискиот клуб.
-Се чувствувам неверојатно. Прекрасно е да се биде дел од овој тим. Одлуката беше многу едноставна, особено по толку совршена сезона. Отсекогаш сонував да играм во Англија – и потпишувањето со Манчестер сити е голема чест за мене. Да бидам искрен, сакав да ги избегнам натпреварите со Сити минатата година. Но, за жал, ние бевме еден од тимовите кои му се спротивставија на Манчестер сити во Лигата на шампионите. Знаевме дека ќе биде многу тешко. Атмосферата која владееше на Етихад е на друго ниво. Исто така, одлично е што сега го имам Ерлинг Халанд на моја страна. Тој е многу добар играч, моќен и брз. Среќен сум што повеќе не треба да размислувам за него, го цитира дефанзивецот прес-службата на „граѓаните“.
Договорот со 21-годишниот Хрват е на пет години. Играчот ќе игра со број 24.