Гвардиол мора на операција, претрпел фрактура на тибијата


Depositphotos_854910188_L.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Манчестер сити објави на официјалната веб-страница на клубот дека Јошко Гвардиол претрпел фрактура на тибијата на десната нога. Тој се здоби со повредата, вчера против Челзи (1:1). Играта ја напушти во 51-та минута.


Дефанзивецот ќе биде опериран на крајот од оваа недела, а лекарите ќе продолжат со детални прегледи за да го утврдат целосниот степен на повредата и очекуваниот тек на закрепнувањето.

„Сите во клубот сакаат Јошко да се опорави што е можно побрзо, а информациите за неговата рехабилитација редовно ќе бидат објавувани на веб-страницата на клубот“, стои во клупската објава.

Пеп Гвардиола, потврди дека Сити ќе ангажира нов играч до крајот на преодниот рок. Шпанецот за „Скај Спорт“, потврди дека Сити отворил преговори со стоперот на Кристал Палас, Марк Гуеи.

Скршената коска значи дека дефанзивецот на Сити и Хрватска ќе биде надвор од теренот неколку месеци, што го става под знак прашалник неговиот настап на Светското првенство во јуни.

Foto/ depositphotos

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK