Гундоган се врати на „Етихад“

1724408570187_456711504_1089680309188470_7835377786060800710_n_Cropped.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Поранешниот фудбалер на Барселона, Илкај Гундоган (33) од денеска и официјално е член Манчестер сити.


„Граѓаните“ објавија дека Гундоган потпишал едногодишен договор, со опција договрот да биде продолжен и за сезоната 2025/2026.

Гунфоган се врати во клубот чии дрес го носеше од 2016 до 2023 година, а во сезоната 2022/2023 како капитен го предводеше Сити до тројната круна.

Играчот од средниот ред се враќа во Сити како слободен играч. Барселона го пушти за да ослободи место во буџетот за плати, со што ќе може да го регистрира Дани Олмо.

Гундоган во Барселона годишно заработуваше 20.000.000 евра.

Германецот повторно му стои на располагање на Пеп Гвардиола, со кого освои 16 трофеи во првиот мандат во Сити, во кој одигра 304 натпревари и постигна 60 голови.

Гундоган ќе го носи дресот со број 19.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK