Групите Б и Е се најпосакувани на ЕУРО 2024

Групите-Б-и-Е-се-најпосакувани-на-ЕУРО-2024.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Ждрепката за Европското првенство во фудбал ќе се одржи на 2. декември во Хамбург. Досега 21 репрезентација избори пласман на завршниот турнир. Последните три селекции ќе бидат познати на 26.март наредната година кога ќе се одигра плеј-офот во Лигата на нации.



Во пресрет на ждрепката, најпосакувани се групите Б и Е, бидејќи победниците во осминафиналето ќе играат против најдобрите третопласирани селекции од другите групи.

За потсетување, двете најдобри селекции од сите шест групи ќе се пласираат во нокаут фазата на турнирот, место во осминафиналето ќе изборат и четири најдобри третопласирани селекции.

Така победниците од групите Б и Е одат кај третопласираните, а второпласираните од тие групи во осминафиналето одат на второпласираните репрезентации од другите групи.

Има и други групи чии победници ќе играат против некоја третопласирана селекција, но второпласираните репрезентации од тие групи се вкрстуваат со победниците на останатите групи.

Затоа групите Б и Е се најпосакувани, бидејќи пласманот во овое групи, барем на хартија обезбедува полесен пат низ нокаут фазата.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK