Гризман и кажа збогум на Франција

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Антоан Гризман повеќе нема да игра за француската репрезентација. Еден од најдобрите напаѓачи во својата генерацијата дебитираше за репрезентацијата пред 10 години и за неа одигра 137 натпревари, постигна 44 гола и забележа 38 асистенции. Со Франција освои светско злато (2018) и сребро (2022), европско сребро (2016) и Лигата на нации (2020/21).



„Го затворам ова прекрасно поглавје од мојата кариера. Ви благодарам за спомените“, рече тој.

„После 10 неверојатни години, обележани со предизвици, успеси и незаборавни моменти, време е да ја свртиме страницата и да и отстапиме место на новата генерација. Да го носам овој дрес беше чест и привилегија. Од март 2014 година до минатиот септември имав можност да доживеам неверојатни моменти со исклучителни соиграчи. Споделивме победи кои засекогаш ќе останат врежани во нашите сеќавања“, додаде Гризман.

Антоан Гризман дебитираше за Франција под водство на Дидие Дешам во март 2014 година, на возраст од 22 години и 11 месеци. Тоа беше на натпреварот против Холандија, кога одигра 68 минути во победата од 2:0. Својот прв гол за Франција го постигна во третиот настап, кога беше стрелец против Парагвај во ремито 1:1.

Во својата клупска кариера, тој одигра најмногу натпревари за Атлетико Мадрид, чиј член е и денес. Со тој клуб најголемиот успех надвор од репрезентацијата го постигна со освојување на Лига Европа. Беше и играч на Барселона и Реал Сосиедад.

Кариерата на Гризман:

Франција – 137 натпревари, 44 гола, 38 асистенции
Атлетико Мадрид – 398 натпревари, 184 гола, 88 асистенции
Реал Сосиедад – 202 натпревари, 52 гола, 18 асистенции
Барселона – 102 натпревари, 35 гола, 17 асистенции.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK