Холандскиот репрезентативец Мемфис Депај од оваа сезона ќе игра во Бразил, кој се договори со Коринтијанс.
По доаѓањето на Хулијан Алварез во Атлетико Мадрид беше јасно дека нема да има многу простор за Депај. Иако има само 30 години, реши да ја напушти Европа и да игра во Јужна Америка.
Во Коринтијанс доаѓа како слободен играч, а потпиша двегодишен договор. Ова ќе биде шести клуб за Депај во неговата професионална кариера, по ПСВ, Манчестер Јунајтед, Лион, Барселона и Атлетико.
По пет последователни сезони во кои постигнуваше двоцифрен број на голови, Депај постигна вкупно 14 гола на 44 натпревари во последните два.