Гордон најстар, Мора најмлад учесник на СП – Израмнет рекордот на Бора Милутиновиќ


depositphotos_693955524_xl.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

ФИФА објави дека сите 48 репрезентации што учествуваат на Светското првенство испратиле конечни списоци со по 26 играчи и нагласи дека промените се можни само во случај на сериозни повреди.


Како што објави ФИФА, секоја репрезентација ќе има можност да замени играч во случај на сериозна повреда, но најдоцна 24 часа пред нивниот прв натпревар во групната фаза.

ФИФА, исто така, истакна дека шкотскиот голман Крег Гордон е најстариот играч на турнирот со 43 години и 162 дена, а дека најмладиот е Мексиканецот Жилберто Мора со 17 години и 240 дена.

Светската фудбалска федерација, исто така, потсети дека мексиканскиот голман Гилермо Очоа и капитените на Португалија и Аргентина, Кристијано Роналдо и Лео Меси, учествуваат на рекордното шесто Светско првенство.

Исто така, ФИФА истакна дека селекторот на Гана, Карлос Кеирош, ќе учествува на петтото Светско првенство по ред, со што го израмни рекордот на српскиот стручњак Велибор Бора Милутиновиќ.

Кеирош ја предводеше Португалија во 2010 година, Иран во 2014, 2018 и 2022 година, а сега ќе седи на клупата на Гана.

Милутиновиќ го предводеше Мексико во 1986 година, Костарика во 1990 година, САД во 1994 година, Нигерија во 1998 година и Кина во 2002 година.

Foto/ Depositphotos

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK