Голема афера во Франција: Бен Једер и платил 1,6 милиони евра на жената што ја силувал

ben-yedder-3-1160x650-1.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Висам Бен Једер, 33-годишен француски напаѓач со туниско потекло, пред два месеци објави дека неговиот договор со Монако истекува и дека клубот не планира да го обнови. Бен Једер постигна 118 гола на 201 настап за клубот од Кнежевството. во пет сезони. Тоа беше необична одлука, а „Лекип“ пренесува дека клубот се повлекол од преговорите поради скандалот што го предизвикал фудбалерот.



На насловната страница на „Лекип“ со големи букви пишува: „Заговор, манипулација, прикриен трансфер на пари: Висам Бен Једер во центарот на неверојатна афера“.

Имено, тиражноот француски весник откри дека поранешниот француски репрезентативец по тајни канали и уплатил пари на жена која го обвинила за силување, а во целата приказна е вклучен клубот, а можеби и некои државни службеници.

Во август 2023 година, Бен Једер беше обвинет за силување, обид за силување и сексуален напад со неговиот брат. Две жени, на возраст од 19 и 20 години, поднеле тужба за наводно кривично дело што се случило во хотел на Азурниот брег.

Одредена му е кауција од 900 илјади евра која ја платил, но во меѓувреме немаше многу вести за случајот. „Лекип“, пишува дека ја следел аферата од самиот почеток, а сега ексклузивно пренесува дека Бен Једер и платил 1.600.000 евра на девојката која го тужела за таа да ја повлече тужбата.

Овој договор бил направен целосно во тајност од адвокатите на фудбалерот. Еден од нив е официјалниот адвокат на принцот Алберт, поради што во француската јавност се шпекулира дека и државниот врв имал сознанија за овој случај.

Имено, „Лекип“ открива како Бен Једер префрлал пари преку фиктивни трансакции преку Жером де Бонтин, поранешен шеф на банка во Монако. Парите ги уплатил на сметката на девојката во странство, а во описот на работата навел дека продава таканаречени „имиџ права“, ставка која се однесува на продажба на маркетиншкиот потенцијал на играчот.

„Лекип“, најави дека ќе открие повеќе детали за случајот во печатена форма, но вели дека Бен Једер може да се соочи со долга затворска казна за повеќекратно прекршување на кривичниот законик. Успеале да стапат во контакт и со играчот, кој се колне дека бил изманипулиран од луѓето околу него.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK