Го бркаше Халанд на полувремето, на крајот го доби неговиот дрес

Го-бркаше-Халанд-на-полувремето-на-крајот-го-доби-неговиот.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Фудбалерот на Јанг Бојс, Мохамед Али Камара се однесуваше крајно непрофесионално на крајот од полувремето со Манчестер сити. Како да е фудбалски фан, а не капитен на швајцарскиот шампион, го бркаше Ерлинг Халанд по теренот за да го добие неговиот дрес.


Али Камара го доби дресот на Халанд, а неговиот потег наиде на жестоки критки во швајцарските медиуми.

„Мохамед Али Камара имаше успешна вечер, доби дрес од Ерлинг Халанд, во тој момент изгледа не се грижеше многу за дресот што го носи“.

„Не можеш да го правиш тоа, не можеш“, му рекол Халанд и на крајот му го дал својот дрес.

„Го правеше тоа пред камерите, можеше да почека да влезат во тунелот“, пишуваат Швајцарците за постапката на Али Камара.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK