Ѓоковиќ урна уште еден рекорд на Федерер

download-3.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Нова недела и нова потврда дека Новак Ѓоковиќ е најдобриот тенисер на сите времиња.



Ѓоковиќ и следната недела ќе биде на чело на АТП листата, а од утре со 36 години и 321 ден ќе стане најстариот светски рекет број еден во историјата.

Досега рекордот го држеше Роџер Федерер, кој на 24 април 2018 година имаше 36 години и 320 дена.

Новак Ѓоковиќ од понеделник ќе ја започне 420-та недела на чело на АТП листата, со што е убедливо најуспешен во историјата, но второпласираниот и 14 години помлад Јаник Синер може да го престигне до почетокот на вториот грен слем во сезоната, Ролан Гарос.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK