Новак Ѓоковиќ во полуфиналето на олимпискиот турнир ќе игра против Лоренцо Мизети. Првиот носител, со нестварен пресврт во вториот сет го победи Стефанос Циципас, а Музети го елиминираше носителот на златниот медал од Токио, Александар Зверев.
Ѓоковиќ 12. пат во кариерата го победи Циципас. Откако рутински го одработи првиот сет, напрвави еден брејк и го доби со 6:3, во вториот се соочи со огромни проблеми.
Гркот со дупли брејк поведе со 4:0, а Ѓоковиќ поради болка во оперираното колено бараше лекарска помош.
Сепак успеа да се врати целосно во мечот, изедначи на 4:4, а потоа и се избори за тај-брејк. Во 13.гем, Циципас поведе со 2:0, но до крајот освои само еден поен, а Ѓоковиќ седум за пласман во полуфиналето.
Таму го чека Италијанецот Лоренцо Музети со кого се сретна на Вимблдон и победи со 3:0 во сетови. Претходно играше епски меч на Ролан Гарос во осминафиналето, кога победи со 3:2.
Музети го детронизира шампионот Зверез во 7:5, 7:5.