Новак Ѓоковиќ и Ник Кирјос заедно ќе играат двојки во Австралија. Ова го објави Кирјос на своите профили на социјалните мрежи.
Ѓоковиќ и Кирјос ќе настапат во дубл на турнирот во Бризбејн. Инаку на овој турнир двајцата ќе играат и во сингл.
Ова ќе биде прво вакво партнерство меѓу Србинот и Австралиецот, по неколкугодишни најави откако ги надминаа сите несогласувања и станаа големи пријатели.
За потсетување, Новак ќе ја отвори новата сезона во Бризбејн, турнир кој започнува на 29 декември, а ќе се загрева и во сингл и во двојки за Австралија опен, кој започнува на 12 јануари.
Од друга страна, тоа ќе биде прв турнир за Кирјос по долго време, тој паузираше повеќе од една година поради разни повреди.