Ѓоковиќ го победи Руне и го обезбеди првото место на АТП листата

Ѓоковиќ-го-победи-Руне-и-го-обезбеди-првото-место-на.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Foto/ EPA



Најдобриот светски тенисер, Новак Ѓоковиќм со победа стартуваше на Завршниот мастерс во Торино. Ѓоковиќ по три часа голема борба го победи Холгер Руне со 2:1 (7:6, 6:7, 6:3). Со оваа победа тој го обезбеди првото место на крајот годината

Новак Ѓоковиќ осми пат во кариерата ќе ја заврши годината како број 1, со што го подобри сопствениот рекорд. Исто така триумфот над Руне му гарантира дека ќе ја мине магичната бројка од 400 недели на првото место на АТП листата.

Ѓоковиќ и Руне одиграа одличен меч во Торино, во кој најголем проблем им беше да потврдат брејк.

Руне во првиот сет му го одзеде сервисот на Шоковиќ во петтиот гим, но во следниот Србинот возврати со ри-брејк. Сетото во тај-брејк го доби Ѓоковиќ.

Во вториот Руне повторно прв најправи брејк, во третиот гем, а Ѓоковиќ го врати сервисот во четвртиот. Во тај-брејкот, Ѓоковиќ направи неколку грешки и му овозможи на противникот да изедначи на 1:1.

Третиот сет Ѓоковиќ го заполна со 2:0, но Руне експресно се врати на 2:2. Клучниот брејк Ѓоковиќ го направи во шестиот гем за конечен триумф.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK