Барселона најверојатно ќе биде исфрлена од Лигата на шампионите на две или три години, тврдат новинарите на германски Велт. Причината е прекршувањето на финансиските регулативи, а според наводите на нивниот инсајдер бројките во Барселона се страшни.
Доколку клубот биде исфрлен од ЛШ, казната ќе почне да се применува од сезоната 2024/2025.
Наводно, управата на Барселона прекршила разни финансиски регулативи на УЕФА, а не ги испочитувала работите на кои се обврзале сите клубови.
УЕФА секогаш го гледа периодот од последните три години, а како што стојат работите во Барселона, тие бројки воопшто не се добри.
Барселона во септември пријавила добивка од 304 милиони евра, а тоа со себе носи одредени прашања. Од извори блиски на Велт никому не му е јасно зошто повеќе од една година многу работи се договарале во тајност.
Наводно, сметките и финансиските книги во Барселона се во тотален хаос, па веќе споменатото исфрлање на две или три години е многу реална казна.
„Колку е поголема загубата, толку е поголема казната“, изјави еден од изворите за Велт.
Барселона ова лето веќе е казнета со 500 илјади евра за разни неправилности од УЕФА.