Галтие ги осуди навивачите на ПСЖ за нивниот однос кон Меси

galtie_456546464
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

– Тренерот на Пари Сен-Жермен, Кристоф Галтие, го осуди однесувањето на навивачите на клубот кон напаѓачот Лионел Меси.

 


Навивачите на ПСЖ ги исвиркаа Меси и Галтие на доделувањето на наградите по синоќешниот натпревар од последното коло во Лига. ПСЖ стана шампион на Франција за сезоната 2022/23..

 

-Не го разбирам овој став кон Лионел. Меси отсекогаш се однесувал како голем професионалец, тој е најголемиот играч во историјата на фудбалот. Тој има добра статистика минатата сезона. Однесувањето на навивачите изгледа нелогично, изјави Галтие.

 

Меси го напушти парискиот клуб по крајот на договорот. За ПСЖ играше од летото 2021 година.

 

По доаѓањето во ПСЖ, Меси одигра 75 натпревари, на кои постигна 32 гола и оствари 35 асистенции.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK