Фудбалерот на Барселона поради повреда нема да игра против Србија

17232242907234.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Фудбалерот на Барселона, Фермин Лопес, ќе биде надвор од терените три недели поради повреда на тетивата, соопшти каталонскиот клуб.


Пред два дена Лопес поради повреда го напушти тренинг кампот на шпанска репрезентација.

Барселона изјави дека по дополнителните прегледи било потврдено дека младиот фудбалер на каталонскиот клуб има проблеми со тетивата поради што ќе биде надвор од терените три недели.

Во текот на летото, Лопес (21) со селекцијата на Шпанија го освои Европското првенство во Германија, како и златниот медал на Олимписките игри во Париз.

„Црвена фурија“ во четврток од 20:45 часот и гостува на Србија во Белград во првото коло во Лигата на нации.

Ова ќе биде првиот натпревар што ќе го одигра Шпанија по освојувањето на европската титула на 14.јули во Германија. Дуелот со Србија поради суспензии ќе го пропуштат одри и капитенот Алваро Мората, а поради повреда ќе отсуствува и голманот Унаи Симон.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK