Веа потпиша за Јувентус

vea
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Италијанскиот фудбалски гигант Јувентус објави дека ги засилил своите редови за следната сезона со играчот за врска Тимоти Веа, кој е син на поранешниот напаѓач на Милан и актуелен претседател на Либерија, Жорж Веа.

Како што е соопштено, Веа (23), кој доаѓа од Лил, потпиша со клубот од Торино петгодишен договор, а Јувентус на францускиот клуб ќе му плати обесштетување од 10.3 милиони евра и дополнителни 2.1 милиони евра во бонуси.


Веа во дресот на Лил одигра 107 натпревари и постигна осум голови.

Синот на прославениот Жорж Веа е роден во САД и беше дел од американската репрезентација на Мундијалот 2022 во Катар. 

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK