Самуел Умтити, кој во 2018 година ја освои светската титула со репрезентацијата на Франција, ќе ја продолжи кариерата во Лил.
Умтити (29) од 2016 година беше член на Барселона, а минатата сезона ја мина како позајмен фудбалер во редовите на Лече. Француските медиуми јавија дека Умтити се сели во Лил без обесштетување. Како член на Барселона, Умтити освои две шампионски и три куп титули во Шпанија.