Европската фудбалска асоцијација се извини за инцидентот со знамето на Украина на финалето од Лигата на шампионите во Истанбул.
Пред натпреварот во Турција, персоналот на стадионот се обиде да му го одземе украинското знаме на еден од навивачите, што не им се допадна на украинските медиуми. Подоцна УЕФА изјави дека не забраниле да се истакнуваат знамињата на Украина, а за оваа епизода е виновна турската служба за безбедност која работела на стадионот.
На 11 јуни, Манчестер сити го победи Интер (1-0) во финалето на Лигата на шампионите и стана победник на турнирот за прв пат во историјата.