Шпанија и Шведска први полуфиналисти на женскиот Мундијал во фудбал

fudbalerki
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Женските фудбалски репрезентации на Шпанија и на Шведска се првите полуфиналисти на Светското првенство кое се одржува во Австралија и Нов Зеланд.

Шпанските фудбалерки испишаа историја и прв пат во историјата обезбедија место во полуфиналето, откако претпладнево беа поуспешни во четвртфиналниот дуел против Холандија со 2-1 по продолженија во Велингтон.


Шпанките дојдоа во водство од пенал во 81 минута преку Мариона Калдентеј, а актуелните светски вицешампионки израмнија во првата минута од судиското просолжение со голот на Стефани ван дер Грагт. Сепак, Шпанија ја круниса своја надмоќ во 111 минута, а историскиот гол за прво мундијалско полуфинале го постигна 19 – годишната Салма Параљуело.

Противник на Шпанија во полуфиналето ќе биде Шведска, кој денеска ја совлада Јапонија со 2-1.

Преостанатите два четвртфинални двојки се на програмата утре во кои Австралија ќе игра против Франција, додека Англија против Колумбија.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK