Шкрињар најави преселба во ПСЖ

shkrinjar
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Фудбалерот на Интер, Милан Шкрињар пред натпреварот на репрезентацијата на Словачка против Исланд изјави дека кариерата ќе ја продолжи во ПСЖ.

На 1 јули му завршува договорот на Шкрињар со миланскиот клуб.


– Сега веќе се чувствувам добро, но без натпревари не можете да го најдете вашиот ритам на игра. Доколку тренерот ме побара, ќе му помогнам на тимот бидејќи сум подготвен и одлучен. Да видиме што ќе се случи во ПСЖ, но главната работа е да се чувствувам добро, изјави Шкрињар за „L’Equipe“.

Најави за трансфер на Шкрињар од Интер во ПСЖ има и минатата година. Сега кога договорот на Словакот му завршува, пречка за трансферот може да биде неговата здравствена состојба. Фудбалерот поради повреда пропушти голем дел од сезоната 2022/23.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK