ПСЖ зема играч од Барселона: Каталонците на овој трансфер губат 85 милиони евра

osman d
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Фудбалерот на Барселона и француски репрезентативец Осман Дембеле се согласил да се пресели во Пари Сен Жермен, тврди познатиот италијански новинар Фабрицио Романо.

Тој истакнува дека челниците на ПСЖ ја активирале клаузулата во договорот на францускиот фудбалер која изнесува 50 милиони евра. Сепак, трансферот мора да биде завршен до полноќ, бидејќи ослободителната клаузула на Дембеле од 50 милиони евра трае до 1 август. Отштетата за Дембеле од први август според клаузулата во договорот изнесува 100 милиони евра. Тој има договор со каталонскиот клуб до 30 јуни следната година.


ПСЖ пред два дена испрати официјално писмо до Барселона во кое бараше дозвола за почеток на преговори со францускиот фудбалер, но каталонскиот клуб го одби барањето на францускиот шампион. Барселона не сака преговори со „светците“, откако за време на викендот претставниците на каталонскиот клуб се сретнаа со Дембеле, кој дефинитивно реши да го напушти тимот од Ноу Камп.

„Сега останува само борба со времето до полноќ да се комплетира целиот трансфер. Дембеле договори петгодишен договор со Пари Сен Жермен. Парите заработени од Дембеле Барселона ќе ги инвестира во ангажирање на Жоао Кансело“, напиша Романо.

Дембеле пристигна во Барселона пред шест години од Дортмунд за 135 милиони евра. За каталонскиот клуб одигра 185 натпревари и постигна 40 гола со 43 асистенции.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK