Полјакот Блажиковски ја заврши кариерата

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Полскиот фудбалер Јакуб Блажиковски објави денеска преку социјалните мрежи дека ја завршува кариерата на 37-годишна возраст.

„Секој пат има свој крај, донесов тешка одлука за завршување на кариерата“, напиша полскиот крилен напаѓач на својот Фејсбук профил.  Блажиковски во кариерата настапуваше за пет екипи, а најголем дел мина во редовите на Борусија Дортмунд, чиј дрес го носеше осум сезони. Настапуваше и за Волфсбург, Фиорентина, Висла Краков и Честохов.  За полската репрезентација одигра 109 натпревари и постигна 21 голови.  Според бројот на настапи за националниот дрес е втор на вечната листа зад Роберт Левандовски (142).



Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK