Италијанскиот фудбалски првак Наполи ги засили своите редови пред стартот на новата сезона со шведскиот репрезентативец Јенс Кајуст.
Дваесет и четиригодишниот играч за врска доаѓа во редовите на Наполи од францускиот прволигаш Ремс, а со клубот од Неапол потпиша договор на пет години.
Италијанските медиуми јавија дека вредноста на трансферот се проценува на 12 милиони евра.
Кајуст настапува во дресот на Ремс една сезона во која на 39 натпревари постигна пет голови.