Наполи ја одби понудата од Ал-Хилал за напаѓачот Виктор Осимен, пишува „Il Mattino“.
Саудискиот клуб понудил 130 милиони евра за 24-годишниот Нигериец, но Наполитанците ја одбиле понудата бидејќи сакаат да добијат најмалку 200 милиони.
Осимен минатата сезона забележа 39 настапи за Наполи во сите натпреварувања, постигнувајќи 31 гол и пет асистенции. Тој стана најдобар стрелец во Серија А.
Токму Осимен беше еден од најзаслужните за освојување на шампионскиот трофеј, пр за „наполитанците“ по ерата на Диего Марадона.