Младинската репрезентација на Уругвај ја победи Италија и за прв пат стана светски шампион

urugvaj
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Фудбалската репрезентација на Уругвај ноќеска ја совлада Италија со 1:0 во финалето на Светското младинско првенство.

Стрелец на единствениот гол во 86. минута беше Лучијано Родригез.


Во 81. минута италијанскиот играч за врска Матео Прати доби црвен картон поради груб старт, но главниот судија на средбата по помошта на ВАР го смени отстранувањето во жолт картон.

Младинската репрезентација на Уругвај за прв пат стана светски шампион. Во 2013 година, Уругвајците загубија во финалето од Франција.

Во натпреварот за 3.место, Израел ја совлада Јужна Кореја со 3:1.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK