Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) и челниците на Јувентус постигнаа договор италијанскиот фудбалски гигант да не настапува следната сезона во европските купови, објави денеска римскиот весник „Кориере дело Спорт“.
Италијанскиот весник тврди дека Јувентус побарал, а УЕФА прифатила, клубот од Торино да биде исфрлен од Конференциската лига за сезоната 2023/24. Јувентус, исто така, побарал сега да плати парична казна за да нема проблеми да настапува во Лигата на шампиони во сезоната 2024/25 под услов да избори пласман во елитното европско клупско натпреварување.
УЕФА разгледуваше казна за Јувентус поради кршење на финансискиот фер-плеј, а во италијанскиот клуб стравуваа дека казната би можела да биде жестока, па поради тоа се спогодија и избегнаа построги санкции.
Место на Јувентус во Конференциската лига ќе го пополни Фиорентина, која заврши осмопласираната изминатата сезона во Серија А.