Лопетеги се повлече од тренерската функција на Вулфс пред почетокот на новата сезона во Премиер лигата

lopetegi
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Хулен Лопетеги се повлече од функцијата менаџер на премиерлигашот Вулверхемптон.

Во британските медиуми се посочува дека одлуката за раскинување на договорот е донесена со заеднички договор двете страни.


Претходно беше објавено дека 56-годишниот шпански тренер е незадоволен од состојбата на тимот пред почетокот на новата сезона во најквалитетната фудбалска лига во Англија.

Лопетеги е на чело на Вулфс од ноември 2022 година. На крајот од минатата сезона, тимот под негово водство го зазеде 13. место во Премиер лигата со 41 бод на 38 натпревари.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK