Женската репрезентација на Колумбија ја совлада Јамајка во првиот од двата денешни натпревара од осминафиналето на Светското првенство во фудбал.
Стрелец на единствениот гол на натпреварот беше Каталина Усме во 51. минута.
Колумбија ќе се соочи со Англија во четвртфиналето на Светското првенство.
Во последното осминафинале на Мундијалот во Нов Зеланд и Австралија попладнево од 13 часот ќе се соочат Франција и Мароко.