Јувентус би можел да биде новиот клуб на Ромелу Лукаку, пишува „Corriere dello Sport“.
Торинскиот клуб се договори со играчот на тригодишен договор со плата од осум милиони евра по сезона.
Според италијанскиот медиум, Јувентус има договор со Челзи за трансфер на Лукаку за 40 милиони евра, вклучувајќи бонуси. Клубот работи на трансфер за Белгиецот од март 2023 година.
Лукаку минатата сезона играше за Интер како позајмен играч. Миланезите сакаа да го задржат играчот, но не успеаја. з