Репрезентацијата на Хрватска синоќа во Ротердам ја совлада Холандија со 4:2 во полуфиналето од Лигата на нации.
Победникот беше решен по дополнителни 30 минути, откако основните 90 завршија нерешено 2:2.
Головите за Хрватска ги постигнаа Андреј Крамариќ (55.минута), Марио Пашалиќ (72.), Бруно Петковиќ (98.) и Лука Модриќ (116. од пенал)
За домаќините погодија Дониел Мален (34. минута) Ноа Ланг (90+6.).
Репрезентацијата на Хрватска се пласираше во финалето на Лигата на нации каде ќе игра со победникот од вечерашниот дуел меѓу селекциите на Шпанија и Италија (почеток 20:45 часот). Поразениот тим ќе ги одмери силите со Холандија во мечот за третото место.