Хамшик најави крај на професионалната кариера

hamshik
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Претстојниот дуел на Трабзонспор в сабота против Аланијаспор во завршното коло во турското првенство ќе биде последен натправар во професионалната кариерата на легендарниот словачки фудбалер Марек Хамшик.

„Тоа не е лесна одлука, но ова беше прекрасна авантура“, изјави денеска 35-годишниот Хамшик на прес – конференција во Трабзон.


Хамшик, препознатлив по својата ирокези фризура, лани најави крај на репрезентативната кариера која траеше 15 години. На 136 натпревари во националниот дрес Хамшик постигна 206 голови и е најдобар стрелец во историјата на Словачка.

На клупски план, Хамшик остави длабока трага во италијански Наполи за кој од 2007 до 2019 година одигра рекордни 520 натпревари во сите конкуренции.

Словакот дојде во Трабзонспор, каде настапува и македонскиот репрезентативец Енис Барди, во јуни 2021 година, и минатата сезона беше еден од клучните играчи за освојувањето на шампионската титула, прва за црноморскиот клуб по пауза од 38 години.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK