Германска Ханза заинтересирана за репрезентативецот Милан Ристовски

ristovski
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Напаѓачот на македонската фудбалска репрезентација Милан Ристовски би можел од следната сезона да го носи дресот на членот на втората Бундес лига, Ханза Росток, објавија денеска германските медиуми.

Според порталот „хиспорт.де“, германскиот второлигаш разгледуваа опции за засилување на напаѓачката линија и постои интерес за услугите на 25-годишниот македонски репрезентативец.


Ристовски има договор до јуни идната година со словачкиот прволигаш Спартак Трнава, во чиј редови на 38 натпревари запиша четири голови и исто толку асистенции.

Во македонскиот дрес Ристовски досега одигра 18 натпревари од дебито во 2021 година.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK