Францускиот фудбалски шампион ПСЖ денес официјално ја прекина соработката со тренерот Кристоф Галтие.
– На крајот на сезоната, ПСЖ и Галтие решија да го раскинат неговиот договор како тренер на првиот тим. Клубот сака да му оддаде почит на неговиот професионализам и посветеност, кои помогнаа да ја освојат историската единаесетта титула француски шампион, се вели во соопштението на клубот.
Галтие го презеде водството на ПСЖ минатото лето. Минатата сезона тимот го освои првото место во францускиот шампионат со 85 бодови. Парижаните под водство на Галтие стигнаа до осминафиналето во Лигата на шампионите каде загубија од Баерн (0:1; 0:2).
Се очекува ПСЖ денес да го промовира Луис Енрике во нов шеф на стручниот штаб.