Френки де Јонг: Штета што Меси не се врати во Барселона, тој секогаш одлучува за исходот на натпреварите

de jong
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Френки де Јонг жали што Лионел Меси не се врати во Барселона.

– Мислам дека секој тим би сакал Лионел да игра за нив, бидејќи тој одлучува за исходот на натпреварите секогаш, секаде. Штета што не се врати во Барселона. Би бил среќен поради тоа, би било одлично, го цитира „Goal.com“ играчот од средниот ред на каталонскиот клуб.


Меси по две години поминати во Пари Сен-Жермен, одлучи кариерата да ја продолжи во американската МЛС-лига, како играч на Интер Мајами.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK