Фирмино потпиша за Ал Ахли

ФИРМИНО
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

По осум сезони минати во редовите на Ливерпул, бразилскиот фудбалски репрезентативец Роберто Фирмино (31) ќе ја продолжи кариерата во Ал Ахли, соопшти саудискиот клуб.

Бразилецот е второ големо засилување на новиот саудискиот прволигаш Ал Ахли, по доаѓањето во клубот на поранешниот голман на Челзи, Едуардо Менди.


„Секогаш сум играл за големи клубови, сега сум во Ал Ахли“, рече Фирмино во видео порака на клупскиот Твитер.

Фирмино настапуваше за Фигуиренсе и Хофенхајм пред да го засили Ливерпул и за шест сезони во премиерлигашот да освои седум трофеи, вклучувајќи ги Лигата на шампиони (2019) и англиското првенство (2020).

Фирмино се пресели во Ал Хли без обесштетување и потпиша договор на три години.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK