Емери најдобар тренер во Премиер лигата во април

emeri
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Предводникот на Астон Вила, Унаи Емери, е прогласен за најдобар тренер во Премиер лигата во месец април.







Емери изминатиот месец ја предводеше Астон Вила до пет победи на седум натпревари на кои неговата екипа постигна 11 голови, а прими три.

Астон Вила го почна април со победа над Челзи на „Стемфорд Бриџ“, а три денови подоцна забележа и гостинска победа против Лестер.

Потоа на домашен терен беше совладан Нотингем Форест, по што уследи реми со Брентфорд и победа над Фулам.

Победничката серија на Астон Вила ја прекина Манчестер јунајтед.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK