Ди Марија го напушта Јувентус

di marija 1
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Аргентинскиот фудбалски репрезентативец Анхел ди Марија потврди денеска дека нема да го продолжи договорот со најтрофејниот италијански клуб Јувентус.

„Дојдов до крајот на тежок и сложен период. Заминувам сигурен дека дадов сè од себе. Не успеавме да освоиме титули и поради тоа останува горчлив вкус во устата“, напиша Ди Марија на својот Инстаграм профил.


Ди Марија одигра за Јувентус 40 натпревари на кои постигна осум голови и додаде седум асистенции.

„Од првиот момент кога дојдов се чувствував како дома. Засекогаш ќе го носам Јувентус во срцето“, додаде Ди Марија, кој го облече дресот на Јувентус минатото лето кога без обесштетување дојде од ПСЖ.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK