– Фудбалерот од средниот ред на Реал Сосиедад, Давид Силва објави дека се повлекува од професионалното играње. Триесет и седумгодишниот Шпанец преку социјалните мрежи ја соопшти својата одлука за пензионирање.
Силва е во Реал Сосиедад од 2020 година. За тимот одигра 93 натпревари, постигна седум гола и 18 асистенции.
Фудбалерот од средниот ред претходно настапуваше за Манчестер сити, Селта, Еибар и Валенсија. Четири пати го има освоено англискиот шампионат, два пати националниот куп, три пати Суперкупот и пет пати англискиот Лига куп. Два пати го освои и Купот на Шпанија.
Покрај тоа, Силва има 35 гола на 125 натпревари за Шпанија. Со репрезентацијата стана светски шампион (2010) и два пати го освои Европското првенство (2008, 2012).