Даночните власти во Шпанија ја казнија Барселона со 15,7 милиони евра

shpanija
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Барселона е казнета со 15,7 милиони евра поради нарушување на правилата при исплата на фудбалерите.

Според „Marca“, шпанската даночна управа ја завршила истрагата за наводните прекршоци од страна на клубот и му изрече финансиска казна.


Овие прекршоци се поврзани со префрлање на автомобилите на Ауди на членовите на тимот, недавањето информации за исплата на чартер летови на играчите и неточното сметководство околу обесштетувањето што го добиле за Арда Туран (1.3 милиони евра) и Александар Сонг (3,5 милиони евра) по напуштање на клубот.

Истрагата започна во 2019 година. Во случајот со автомобилите, даночните инспектори се обидоа да проверат дали тоа е форма на непријавена награда за играчите. Истото важи и за чартер летовите.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK