Чаби Алонсо останува на клупата на Баер

alonso
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Бундеслигашот Баер Леверкузен и шпанскиот фудбалски тренер Чаби Алонсо потпишаа договор за продолжување на соработката до јуни 2026 година, објави денеска германскиот клуб.

Алонсо ја презеде должноста во германскиот клуб во септември лани кога Баер беше во резултатска криза и го однесе до шестото место во Бундеслигата, како и до полуфиналето во Лига Европа.


„Му благодарам на Баерн за довербата која ја вложува во мене, изјави 41-годишниот Алонсо, кој пред доаѓањето во Бундеслигата ги водеше младинските екипи на Реал Мадрид и на Реал Сосиедад.

„Бевме во тешка ситуација и во Чави видовме светска ѕвезда, но и неискусен тренер кој сè уште немаше предводена врвна екипа. Сепак, од самиот почеток бев уверен во неговата способност, а Чаби беше уверен во квалитетот на нашата екипа. Заедно го совладавме отпорот и создадовме многу светла перспектива за Баер“, изјави спортскиот директор на клубот од Леверкузен, Симон Ролфс.

Баер и оваа сезона ќе настапува во Лига Европа.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK